Дончо запира, ги гледа, слуша глас од неколку клопотарчиња, го крева стапот и сака да потрча на кај нив со намера да ги тепа, ама во тоа не успева оти направо од меѓата од кај рекичката се појавува висок човек со голем стап во едната рака, а со другата го грабнува за вратот Еј, јунаку, кај си се загнал?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кога се враќаа кон Гогов Валог, доктор Коста пееше некоја дамнешна песна, песна од неговото детство што сега ја отпрета од заборавот, инженерот Александар се потпираше врз карпестата снага на Кирил, зашто не можеше да го држи патот и се обидуваше да го придружува во песната доктор Коста, во што никако не му успеваше, а дедо Димо го креваше стапот високо над глава, им кажуваше нешто на буките, на ридјата, на тревките, а во душата му беше лесно и светло како одново да се родил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)