крева (гл.) - слушалка (имн.)

Ѕвони телефонот. Не ја кревам слушалката. Седам во лотос- положба, не се помрднувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Не ја кревам не затоа што не слушам, туку зашто не сакам – реков. - Е, па и со разговарањето преку мисли е слично.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но сепак поинаку. Ах, колку е поинаку. Почувствува како раката му ја крева слушалката. 43
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Како кога ѕвони телефонот, ти си дома, а не ја креваш слушалката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Му ѕвонам, крева слушалка и слушам се поткашлува.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Срипувам од креветот како попарен, правам сплет шпаги, набрзина мијам заби со четка за нокти, ставам гас-маска за да оставам подобар впечаток, те со растреперени раце кревам слушалка и со милозвучен и правичен глас велам „Ало?“
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Телефонот во куќата на Јана постојано ѕвонеше. Овој пат Рада беше таа која постојано ја креваше слушалката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)