крева (гл.) - поглед (имн.)

Престануа да ја кубе тревата, го крева погледот и отворено ги гледа првин Максима а потоа и Костадина Дамчески: Ако ги оставев да ме отераат на ујќумат, вели, тие таму ќе ми направеа претрес.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој уште еднаш го крева погледот спрема неа, ја граба како што се ближи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мајката го крева погледот и го управува само за миг на уметникот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Одвреме-навреме го креваше погледот кон огромното лице што гледше во него од спротивниот ѕид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го посакуваш? – задржувајќи му ја дланката меѓу својата и амајлијата, Сириецот го крева погледот под ниските прамени побелена коса: - Велможа си.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Напати, кога запишуваше во нотесот, заканувачки го креваше погледот кон мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од подморницата конспиративно излегува еден јапонски морнар, внимателно загледува наоколу, ослушнува... а потоа го крева погледот нагоре, кон голиот задник на убавата девојка...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Фројд би имал објаснение за ваквото држење, но не кревам поглед кон неговите дела десно на полицата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сум заборавила како се оди меѓу слободни луѓе: како се држат рацете, како се крева погледот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)