крева (гл.) - коса (имн.)

Тоа беше врева од која се стегаа забите и се крева косата на тилот. Омразата почнуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— А зошто вам, мојот јазик ви ја крева косата на главата?...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас го гледав со стегната уста. Ми се креваше косата. Беше дрзок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така јас се заиграв со кучињата додека едно време, туку што Геско или Мурко ми го вратија чукалото, не почуствував како морници ми ја креваат косата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)