Точно во седум и пол Александар од VIII а застана до јарболот - екна химната - свиреше оркестарот и хорот пееше- а тој полека го креваше знамето, ама немаше квечерно ветре да го развее.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога некој некому ќе му гибне во крстот и во зборот негов со кој тој на Бога му се моли и мили, тогаш удира камбаната и народот го крева знамето со крстот на помош да си го брани и чува своето и на својот брат.“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Секое сабајле станувавме во шест часот, се строевме по височина, го кревавме знамето и ги слушавме најновите вести.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)