корне (гл.) - од (предл.)

- Земјоделци, служители на Деметра баш така шепотеа за гласот зол, а жените, штом чуја, писнаа од силна мака и коси корнеа од бол.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ѝ се предадов на стихијата да го запишувам или поточно - само да го запишувам она кое се корнеше од мене во околности (се срамувам од зборот што ќе го употребам) - на неподносливи страдања, на стравотни болки во коските.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Пред шест дена тие тргнаа во напад бодри, сигурни, најадени и напиени и додека не стигнаа на дофат на куршумот, се корнеа од смеа, раскажувајќи си шеги на сметка на грчките бандити и славомакедонските комунистички банди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Големи цветови, мамат, корнат од својата миризба. Каква личбина!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дреите спрострени на жолтото, како килибар песоче, десно од колјата, сигурно се потсушија веќе. Треба да се испрскаат. Водата и сонцето најарно ги белат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Гласот му беше придушен, слоговите со мака се корнеа од грлото: „Ти продолжуваш самиот себе да се исклучуваш од оваа средина. Го знаеш ли тоа:“ „Знам само дека се вклучувам во самиот себе“ , рече Отец Симеон. „Јас не сум акт за канцелариски фијоки.“ „Ќе бидеш избришан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ми доаѓа однадвор, а како да се корне од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Темни се и загатливи како судбина. Како некој да ја корне од челичните зглобови, тешката врата се отвора зад мене со крцкот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го повлече со себе како да го корне од скрка. Останатите тројца намуртени го испратија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Чекајте“, застана меѓу нив Онисифор Проказник. „Меѓу себе ли ќе се колеме? Ајде, Никифоре, ќе се помолиме на гробот Неделков. Погледни, луѓето чекаат некој да му ја испрати душата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знам колку долго стоев така, а кога младата жена излезе, јас посакав да отидам во домот на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останав на местото на кое бев, потпрена на ѕидот од една зграда. Корнев од ѕидот со ноктите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Собирам трески, корнам од плотот, одградувам од бавчата и запалувам оган. Се грејам и го чекам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)