Одредено ограничување за работниците кои се вработени на неопределено време преку овој закон да не го прекинат работниот однос по свое барање, да ги исполнуваат обврските и да не ја кршат работна дисциплина претставува одредбата според која за повторното вработување на оние работници на кои им престанал работниот однос по наведените основи работодавците нема да можат да ги користат поволностите од овој закон (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работниците кои ќе ги вработи со- гласно одредбите од овој закон работодавецот е должен да ги задржи на работа најмалку двојно повеќе од времето за кое користел надоме- стување на средствата за придонесите на плата (чл. 6), а покрај тоа, во случај работодавецот да го намали бројот на работниците под бројот при кој почна да ги користи поволностите од овој закон, должен е да го врати износот на надоместените средства со банкарска камата на средства по видување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Како што може да се забележи, во споредба со претходните закони, законот од 2006 година предвидуваше најмали поволности и најтесна категорија невработени лица преку чие вработување можат да се користат поволностите од овој закон.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Измената и дополнувањето од јули 1998 година содржи три одредби преку кои се проширува опсегот на невработените лица кои можат да бидат вработени на неопределено време за работодавецот да може да ги користи поволностите од ЗЗВ.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)