И што нареди? - Нареди да копаат ровови...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ќе речеш лопата и што ќе помислиш? - Дека треба да копаш ров или да закопаш некого...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Некои ми ги донесоа од Албанија, насилно мобилизирани, а повеќето се од оние кои цела зима и пролет копаа ровови и земјанки и градеа бункери.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Помисли дека копаат ровови или земјанка, ама кога виде легнати млади мажи и жени со бледи лица, подуени и неподвижни - разбра - копаат заеднички гроб.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И копаме ровови, сечеме дрвја и правиме засолништа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога го врзав крајот од ортомата за елата, ми пријде еден албански наредник и, помагајќи ми да ја врзам ортомата ми рече дека владините војници вчера слегле од Стените, го зазеле Крчишта и веќе копаат ровови на ридот Синадеврид. Ги знаеш тие места, нели?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А ние таму, во Оровник кога си ги сретнавме нашите, како да престанавме да бидеме војници.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Гол. Ни грмушка. Копаме ровови. Ветрот навејува снег.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дете си, Кире, а тие што те облекле во овие алишта се луди! - викна тој. - Луди се!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го слушав неговиот глас: И нивниот корен да се искорени, синко Кире, и нивниот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се префрливме на Ѕвезда. Цела ноќ копавме ровови и земјанки.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Наводно, се зборува дека, ако ги вратат децата, нема да одат да копаат ровови и да градат бункери... Така се зборува...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Татковците тогаш ги беа собрале и копаа ровови и сечеа дабови, буки и борови и градеа бункери.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)