клешти (гл.) - со (предл.)

Тој сѐ уште се клештеше со половина лице. Од едната биволска ноздра му се испаруваше крвта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А лизуркото ги слуша, им се потсмева и почнува да се клешти со гласно смеење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред сите тие луѓе стоел крестоглав човек со чабав кожув и се клештел со љубов за пролетната топлина или можеби не можел да ја поднесе сончевата штедрост; не се смеурел, лицето му го брчкала исцрпеност на каменоломник а неговата старост не можела да се прочита ни од очите ни од жилите на вратот и на рацете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)