Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сега можам да се качувам во светот горе и да слегувам во светот долу и да гледам кое време на кое му должи и кое го менува - минатото идното или обратно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој го гледаше синот како се качува во камионетот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Овој не стои пред излог, значи нема жена, и уредно се качува во лифтот веднаш кога ќе се отвори вратата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Навистина госпоѓо?“, прашував, а срцето ми се качуваше во грлото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Филозофот ја собираше водата од карпата, правеше кал и потем, од калта сочинуваше плочки меки; потем се качуваше во кошницата што беше висната над бездната; од кошницата, исправен, на прсти од нозете истегнат, со прсти од рацете сосема испружени, со крајни сили ги лепеше калните плочки врз првиот ред и добиваше отисок од сочинението.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се товарат ранетите во возови; трчаат болничарите и со вар испишуваат крстови по вагоните; внатре вагоните се послани со слама; ранетите си помагаат еден на друг: ги подаваат рацете или патериците и ги прифаќаат оние што со мака се качуваат во вагоните; во далечина екнуваат пукоти, наредба е што побргу да се трга.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во последниот миг, таму десно, ја виде потемнетата Ангелина како, криејќи си ги очите, се качува во еден од вагоните.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се качуваат во собата 22. Друга соба, други тапети, сѐ друго.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
По навика се пишуваат и тестаменти и се фрлаат в море во затворено шише.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Во Венеција човек по навика се качува во гондола и мавта ли, мавта, било кому на брегот, колку да се мавта.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ти бацува рака, што се вели, и со предните нозе ти се качува во скутот. 131
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)