Еве неколку дена кај се турка по возеви, преполнети да не можеш место да најдеш, застанат повеќето во коридорите, каде што се молкнат со карање луѓе, слегувајќи и качувајќи се меѓу куфери.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Шпионите изведоа вратоломни подвизи качувајќи се по покривите и сечејќи ги јажињата на кои се вееја знаменцата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Чудно, човеков како да гребел качувајќи се низ катран.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така беше до пред некој месец, кога, качувајќи се по скалата (тоа беше само увертира за мојата точка на трапез со Ина и Светлана), забележав дека ја губам рамнотежата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Фати го јажето и качувај се, само губиме време! - настојуваше Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Повели, качувај се! - рече Бојан. - Како? Каде? - Е како де, и каде? - рече Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тппрру, стој Сивчо ... – ја запра старецот колата и ги повика со рака: – Качувајте се бргу!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Веројатно и со лага или со еден вид принуда се послужил бидејќи помислил дека тоа е најдобар начин да ѝ ја истурка на девојката од мислите несигурноста и колебањето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Војната остана зад мене“, рекол тој, „а ако сакаш да не нѐ престигне, качувај се!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ох, Пелагијо! ја избакнува, ја навлажнува со солзи и качувајќи се горе, сега веќе не срамејќи се ни од Добра, ни од мајка си, ни од другите , се свртува уште еднаш и проговорува Ја враќам неговата семка во Македонија и ич не ми е гајле дали летнал со веленцето или се пикнал во некоја дупка! се притиска по мевот лесно и внимателно и потоа влегува во тисканицата, во темницата на вагонот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нејсе, на одење, на нашки ми рече: - Земи си ги парталите и качувај се во камионот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Викавме - брзо, брзо трчајте, качувајте се, се враќаме дома.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На модриот пат, Патнику, на модриот пат на собирот од засмеани чудни девојки качувајќи се по нивните бедра како по огнови на модриот пат небото руменее.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ајде, качувајте се - има место сите да седнете.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Качувајќи се по угорнината беше вистински загрижен за состојбата на чевлите.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Качувајќи се по скалата што водеше кај Петрович, која, треба да се признае, сета беше исполеана со вода, со помии и беше впила мирис на алкохол кој ги разјадува очите и, како што е познато, задолжително го има на сите последни скали на петербуршките куќи, искачувајќи се по скалите, Акакиј Акакиевич веќе помислуваше на тоа колку ќе му побара Петрович, и во мислите реши да не дава повеќе од две рубли.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Секоја година по едно скалило качувај се нагоре, ми вели, мрдни го газето, ми вели, и ме држи со испуканите дланки што навечер ги мачкаше со сало и со коломас за да му смекнат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)