категоризира (гл.) - ги (зам.)

Геј-идентитетот е само „еден вид талог што самиот по себе не може да укаже колку разновидно таквата желба и натаму ги одредува густината, бојата и вкусот на целиот богато измешан раствор од кој, во таква сталожена состојба, спаднало само мало количество“. (132) Геј-идентитетот, затоа, е недораснат на задачата да ја долови и да ја изрази геј-желбата, која во своите преобразувачки стремежи за менување на светот и во своите задоволства што не може да се категоризираат ги надминува релативно едноличните лица и теми што поимот „геј“ само ги именува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)