Сладоледот се топеше и му капеше на мантијата а нему му беше срам јавно да лиже.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
8.1 Вечното стебло страда од потајна ровја Му се умилкува на огнот што потонува в земја И ги впишува нашите имиња на небото Со хлорофил што капе на дланките на Мајка.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Со песната и се пее, и се плаче! (Почнува да пее, сите го придружуваат.) Болен лежи, млад Стојан, болен лежи, ќе умре, над глава му младата невеста с’машко дете на раце, солзи рони, солзите ѝ капат на Стојаново лице...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
ЃОРГО: Коџабашијата Панко со заптии! (Сите уплашени.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)