Дени, како што реков, дваесетина години била жена на боем, па оваа оставена градина, подобро парче од градина, е некој вид омаж на тоа време; капејќи се во бањата или седејќи во еден од ’рѓосаните столови таа може да ги одмори погледот и умот од забревтаното темпо на негување на онаа другата, големата, официјална градина и од постојаното примање и гостење посетители.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- кога влегуваат во ноќниот бар, во позадината задолжително се врцка полугола танчерка на шипка; - кога гл. јунак поаѓа во решителна задача, без оглед дали тогаш чекори, трча или скокнува во хеликоптер, тој им вели на своите сакани (жена, женска, деца, татко итн): „те сакам“, а тие (понекогаш здружено) одговараат: „и јас тебе“;
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ја придвижи косачката. Тревата, што прскаше наоколу, меко паѓаше околу него; тој се внесуваше уживајќи и се чувствуваше како да е самиот тој сето човештво, капејќи се на крајот во свежите води на водоскокот на младоста.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)