камени (гл.) - ѕид (имн.)

Сомневањата во нив особено ги закрепна куќата што ја подигнаа - вистински манастирски конак, околу наоколу утврден со повисоки и подебели камени ѕидови од оние на чуфлизите и на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ограден со високи камени ѕидови и масивни дрвени порти, имотот претставуваше војнички предизвик за Турците но во истата таа мера се чинеше и неосвоива, па тие не го нападнаа; го заобиколија и дојаваа овдека, во Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подигањето на чифлизите стана така што мајсторите и потковичаните (нив, на последниве, тоа посебно тешко им падна: покрај што беа катадневно ангажирани во градежните работи, кршеа и довезуваа камења, сечеа плитари, бичеа греди, газеа кал и мешаа малтер, мораше да се грижат уште и за исхраната на мајсторите, за полето и за домазлакот) најпрвин го одредија просторот на кој требаше да бидат подигнати идните чифлизи, потоа истиот тој простор од Имотот и од селото го издвоија со широки сокаци и високи камени ѕидови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги тера право во едно трло еднаш заградени со високи камени ѕидови и уште еднаш со бескрајни сини морски водје.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како што почнаа да се топат ситните мразулци по лицето на дојденецот, неговите сини, речиси проѕирни очи минуваа лево и десно по голите камени ѕидови на колибата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За миг запреа на масата и на столчето, наместени спроти единственото прозорче во колибата, прошетаа по неуредните купчиња папирус, по наострениот пердув, по мастилницата и по столчето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Душата твоја во тој миг мека стана како преѓа во која се сопре отровната стрела, се успокои, оти стрелите на зависта ништо не му можат на мекото, кое ги умртвува, а од тврдите, камени ѕидови на суетата се одбиваат како од тврдина, но во нив оставаат дупки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дебелите камени ѕидови, доскора постигнати од тешка глувост, ја прошмукаа уличната врева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некоја темна желба да се истури гневот, да се одбрани, по навика да се удри, нападне или убие, лудост која напнуваше до дебелите камени ѕидови, но, не можејќи да ги турне, се уништуваше самата себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наспроти светлите соби што гледаа едни кон езерото, а други кон планината, ходниците беа мрачни колку и да беа осветлени, колку и да беа нивните камени ѕидови обложени со лакирано дрво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се осветлуваа кружните камени ѕидови на бунарот поврзувани со пајажини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие всушност беа смирени со седативи, а оваа сенишна градба со дебели камени ѕидови и студени столбови беше болница за душевни болести.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Погледот на лицето од болничарката беше доволен за да сфати дека никаква молба нема да ѝ помогне пред таа џиновска жена во униформа која, поради нејзината извонредна сила, ја викаа Херкулина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Електронските сигнали што трепкаат во атмосферата не можат да се задржат со камени ѕидови или со погранични полициски кучиња.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јапонските касетофони, гето бластерите, дигиталните апаратчиња во рацете на индивидуалците, ја зголемуваат моќта на HCD (најголемиот заеднички именител). okno.mk | Margina #32-33 [1996] 54
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
СОЦИОЛОГИЈА НА КВАНТНАТА ПСИХОЛОГИЈА Филозофијата што го предвиде ова движење не е капитализмот или социјализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)