кажува (гл.) - многу (прил.)

Безброј пати ми раскажува: ме бањала кога сум бил бебе, перела и спростирала пелени, ме развиткувала и повиткувала, ме нишкала и ми пеела - Думба, думба, детенце, баба празно вретенце, - и - Цуцул пасе говеда - и ми кажувала многу други броенки и залагалки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Стигнуваа други роднини. И сите ме прашуваа да кажувам многу повеќе одошто вистински се случи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Томо не зборуваше, неговиот стисок како алка беше врзан за рацете на Рада ѝ кажуваше многу.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Видете г-ѓо ... - ја прекина или барем имаше чувство дека ја прекинува, зашто кога и да ѝ се обратеше ќе ја прекинеше, знаеше дека таа секако имаше да кажува многу повеќе од тоа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
МАРА: Кажуваш многу врнело. Зборувај како поминавте со Анѓелета? (Сите придобрани до него чекаат одговор, а Мара му притурува во филџанот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)