кажува (гл.) - свој (прид.)

XV Татко, слушајќи го Игора Лозински, како со силен вознес ја кажува својата порака на животот, најмногу размислуваше за иднината на балканските и европските граници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секоја приквечерина, сѐ повеќе набљудувачи се собираа околу дупката и ги кажуваа своите коментари, своите совети и предвидувања.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Европа и Русија настојуваа да се изработи план за реформи во Македонија и во 1882 година тој план беше веќе готов и ќе се настојуваше да се воведе, кога „новиот политички фактор на Балканот” го кажува своето вето и наместо реформи – сака за Македонија бугарски владици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гласот од телекранот сѐ уште ја кажуваше својата приказна за заробениците, за пленот и за колежот, но викањето надвор малку стивна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)