каже (гл.) - ќе (чест.)

Знаев дека ако му кажам ќе се однесува поразлично, а мојата желба беше што побргу да видам каков е вистински.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јаз'к да му е - За она што тој не може да го каже ќе мора и натаму да се трае.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таа го заведе со своите приказни, па и пред да биде свесен за да се спротивстави, тој плачеше на оние тажните, се смееше на оние веселите и ги следеше нејзините наредби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш мислеше дека е подготвен да ги изоди сите дивини, само да биде негова, и му се чинеше дека секој збор што тој ќе го каже ќе биде премногу во аголот во којшто таа го притисна со своите зборови и го зароби во својата мрежа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да можеше да им каже ќе им се заблагодараше, затоа што таа толку многу сакаше да умре.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Умре сама.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
БОЖО: (Го чита насловот.) „Дупло дно”. Театарска пасија во два става. (Пауза.) Што и да кажам ќе личи на она што овде веќе го кажа твојот лик со мое име. (Пауза.) Ти си уметник или лудак?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Помислите и кажите – заврши кадијата и им го заврте грбот на врзаните, во знак дека ги чека да му кажат ќе платат ли сто илјади аспри или да заповеда да го запалат сејмените селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Знам само едно... -ако кажеш ќе ти олесни...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)