Кола, капак, крст, цвеќиња и венци; и повторно попот (млад селски мангуп со брадичка) кој го кажува последниот збор додека гробарите импровизираат примитивен лифт.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Само Татко, во тие мигови, ги слушаше и ги разбираше илјадниците гласови на одамна исчезнатите,како ја кажуваат последната тајна: кој е семејниот корен, како дошло до промената на Бога, со кого се збратимиле, кому му се спротивставиле, што оставиле во наследство.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)