каже (гл.) - во (предл.)

Така, Шафрази кажува во едно интервју: „Сакав уметноста наполно да ја осовременам, да ја извлечам од историјата на уметноста и да и дадам живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Многу често извршителите на овие дела сакаат да го сфатат вандализмот не како нешто сосема безначајно за самото уметничко дело, туку како исполнување на неговите внатрешни Маргина 37 51 потенцијали или дури и како начин на оживување на уметничкото дело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кренав раце да го задржам, иако не знаев што би му кажал во моментот, но тој речиси трчаше и веќе беше одминат натаму по патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ама не смееше ништо да каже во своја одбрана зашто тоа ќе беше и во одбрана на Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Ама не сте свикнати... Кажуваат во градот е инаку...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа гледаше во мене. „И што да им кажам во Партијата?“, праша.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па, ова што тој го кажува во неговите песни не го кажал никој пред него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Младиот човек, кој зборува паметно е мошне глуп во отменото општество, а ти треба да бидеш забавен; најголемиот дел од жените сака папагали; сакаш ли да бидеш сакан од тие жени - труди се да зборуваш како папагал и ќе стекнеш глас на шегаџија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Научи наутро неколку туѓи шеги и умеј да ги кажеш во погодно време... 122 okno.mk Има и друг начин да се говори забавно без памет, само нека јазикот ти е виток и жилав; но, тоа е тешка наука, која само од жените може да се научи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јана се насмеа. - Дали сакаш да ти кажам ланци или јутра, или во метри квадратни. - Дај кажи во метри квадратни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само големите мајстори на пишувањето можат толку многу да кажат во толку малку текст!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одвреме-навреме полуорганизирана група на граѓани можеше да го притисне продавачот и да му каже в лице отприлика нешто вака: Дај бе од тоа робата под тезга, да ти ебам мајката, ги криеш а народот нема шо да јади!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
За тој настан сѐ е кажано во старите басни, со мисла одговорив.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Лисицата го надмудрила гавранот и тој, за да се пофали колку убаво пее, го испуштил од клунот својот залак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Обично кога завршуваше играта, продолжуваше пријатен разговор помеѓу играчите до доцна во ноќта, си го дополнуваа тоа што не успеваа да си го кажат во текот на играта или тоа што го оставаа за крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го говорев и тоа што беше напишано и тоа што никогаш не ми паднало дотогаш на памет. - Ох, молчи, молчи, брану див, кажи во овој случај кој е прав, кој е крив, - и, се разбира, вчас стивна бранот, настана една долга пауза, крајбрежните води тивко шумолеа, божем, го предеа платното на вистината, бело, а отровот, невистината се претвораше во малечки, црни меурчиња што ништожно умираа на брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проповедаше ли?“ „Прашај, овој ќе ти каже во што ќе ги претвори господ луѓето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нога за нога се врати крај масичката, седна и продолжи да пишува: Решив да го направам ова, да ти напишам нешто, бидејќи немам храброст некои работи да ти кажам в очи додека сум жива.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, доволно ќе беше и да го наслушнам скриениот говор на моите соништа...Зар не беше, во суштина, сѐ кажано во оној сон со двете врати?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да, се случуваше нешто слично барем по однос на она што е кажано во тие редови: „Минав три чудни денови: морето, плажата, патиштата, ми носеа сеќавања од други времиња.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Затоа се однесував нормално кон тебе, колку што може да се каже тоа, се карав кога ми беше до карање, не ти кажував многу работи што би требало да се кажат во некои такви моменти, не те прашав ниту за некој аманет, некои работи, нешто…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Чуварот треба да му каже во кој хотел е резервирана соба за него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас кажав во Прилеп ќе го дадете пететотини кила жито или 250 лири, ќе башламам, одите, вршите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко, во својата стратегија за опстанокот на семејството, помислуваше, тоа не го скри и ни го кажа во една пригода, дека можеби беше и добро што Мајка го загуби каталогот, зашто времето на повоените години донесе уште поголем контраст помеѓу хроничната немаштија и сликите на облеките и на предметите од Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Постојат, демократи, други времиња и обичаи има вистини кои не се кажуваат во дијалог на гозба и оргија, при муслини и мириси од етерични масла и прележани вина има вистини кои не се питки и питоми вистини сами од себе кои вреват вистини за преврат за народ, аристократи и пците веќе знаат и глувците осеќаат! __
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И се чини дека тој лежи пред неа, тука, до нејзините колена.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А јас - настојуваше Крстовица - вака би му кажала во книгата на стопанот: - „Стопану Крсто, здравје, имам, сполај богу и...“ - и таа залипа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Жените се загледуваат во него, а тој стои молчалив, со стегнато грло, нем.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Неговите очи беа живи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Навистина невозможно е да се каже во каква умствена состојба се наоѓаше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што можете да кажете повеќе од она што веќе во ваше име го кажав во мојата пиеса?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СИМОН: Ништо не смее да се каже во оваа куќа.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ме погледна право в очи, сакајќи нешто значајно да ми каже во текот на патувањето, но не наоѓал погоден момент.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Јако апостолов единоправни и словенских стран учителие, Кириле и Методие богомудри, Владику всен молите, всја јазики словенскаја утвердити и православни и едномислии, умирити мир и спасти душу нашја.’’ Не знам со колку грешење, ама посебно овој тропар уште го паметам зашто за Кирил и Методиј во мај таа година, Петре Даскалот мене ми го даде да го кажам в црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Србин, онаков сув и висок, стоеше како светец, а Шишман се преместуваше од едната нога на другата постојано подметнувајќи го увото пред Србина како да чека овој нешто да му каже во доверба.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не дека не знае сам да го пее писмото, ама поубаво му е кога друг го чита а тој да може да си замислува, да го гледа тоа што се кажува во писмото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега што ќе кажам во фабриката?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали час, дали миг, или воопшто не се случило, што се вели, ама само така ми се кажа во несвестицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Тетка Ети, извини што ти се јавувам толку рано, ама морав, зошто се загрижив за син ти. - Немај гајле пиле, запеа со нејзиниот милозлив глас, кажи во што е проблемот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во образложението се повторуваат веќе познатите факти коишто, главно, и самиот ги кажува во своите спомени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)