Таквото однесување, па еве да ја кажам вистината, и глума, мислеше дека го ослободува од оние ежедневни обврски.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ја прашав со колку амфетамин се наполнила кога успеа да биде онаква и таа не сакаше да ми каже.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Не ми поверува!
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ме праша како беше и јас и ја кажав вистината: „Одвратно!“
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Потоа за смртта на Алегра дознал од некој друг.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Првите денови се распрашуваше за неа. Јас немав храброст да му ја кажам вистината.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Миев заби и се туширав, за да не сетиш дека сум пушел.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Бакнежот ме запече. Посакав да извикам: - Се лажеш, мамо!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Како би му било на Љупчо некој така да му го огрди СТОЈАДИНОТ!?“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тешко ми е да речам - лажеше. Зборот е тежок. Наше дете е... Наше дете е...“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Како подлец: демнеш во темнината, скришум излегуваш - и правиш пакост.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Но, немав смелост да ѝ ја кажам вистината.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Влатко ја кажа вистината. Пред нашата зграда се разделивме без збор.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Нема доверба во нас. Затоа не ја кажал вистината.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Женските бакнежи го разнежија и неговото арамиско срце, и тој, место осуда, и ги врати бакнежите двојно и тројно и ја испрати да си оди во Старавина, но со строга наредба да не му ги плаќа на Мушона прстењето и локумите со својата младост, ами со петте лири што и ги даде тој. Ho Толе не беше секогаш во Старавина за да биде крај Марија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— И не дочека Толе да си ја каже вистината дека, му се каснува и нему пиленце како што е таа, му се фрли на вратот и почна да го бакнува.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Клеопатра ќе им ја каже вистината по слушалица, а може да замислите шо драма се дешава кај прељубниците потоа.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Кога го пишуваше предлогот за одликување, по барање од Псалтир Палигоров, а без знаење на Мирон Донски, чесниот пријател веруваше дека, најпосле, на вистинското место, ќе може да ја каже вистината за Татковото откривање, а не пренесување, на сиџилите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се срамам, граѓани, да ви ја кажам вистината, но сепак морам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Милка сакаше да рече дека е нејзино но таа никогаш не лажеше и затоа мораше да ја каже вистината.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Да се размислува, но како?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
В ред, можеби Даскалов ја кажува вистината кога вели дека пред донесувањето на каква било одлука треба убаво да се размисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Милка сакаше да рече дека е нејзино но таа никогаш не лажеше и затоа мораше да ја каже вистината.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
По долги години, еден од дворјаните, за да му се додвори на царот, му ја кажал вистината дека неговиот син е со чергарите, а тој што го има кај себе е од циганската черга.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Денес повеќе е позната по името Долна чешма.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Го зел со себе и го повел во царските дворови.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Еве како станало тоа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Му ја кажал вистината за неговото потекло...
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Повеќето од прашаните одговарале дека сакаат полна кола со златници или пак ја барале златната царева кола.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Додека излегував од одајата, таванот испука. Не се урна.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Таванот и подот не се подбиваат, - без двоумење реков. – тие ја кажаа вистината.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Макар што Татко и Климент Камилски многу брзо се зближија најмногу благодарејќи на различните книги од нивните библиотеки, остануваше најпрвин да си ја кажат вистината за нивните дотогашни животи во духот на заедничката доверба која се зголемуваше од ден на ден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Едноставно му ја кажав вистината: - Содржината на ливчето ја запишав во резиденцијата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако воопшто постоеше некој се уште жив, кој можеше да ја каже вистината за условите во почетокот на векот, тоа можеше да биде само некој прол.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одеше низ куќата на прсти и помина баеги време додека ја кажа вистината за себе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Полека го подготвувавме. Најпрвин дека имаш чир на желудникот, па дека треба да се оперираш, но на крајот моравме да му ја кажеме вистината, дека имаш рак на желудникот.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Марија се колебаше дали докрај да им ја каже вистината. Сѐ што се случи.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- дали и тогаш, и во тој случај, ќе слезеше во онаа кобна вечер, да им ја каже вистината во очи?!
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Богуле, плашејќи се да ја каже вистината која го мачеше, сѐ повеќе стануваше нерасположен, потиштен, се затвораше во себеси, тонеше во долго спиење, во сон.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Крсте не ја кажа вистината, ама рече дека му избегало, та дури овде над село го фатил.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доколку ти треба човек да ти ја каже вистината в лице - црнецот нема влакно на јазикот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Да удрам? Да се насмеам? Да ја кажам вистината?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Знаеше да се изненади ако потврдите дека само тој ја кажува вистината, а ќе се зачудеше ако му префрлевте дека греши.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Благица молчеше. Да ја излаже мајка си - божем не видела, не сакаше, а да ја каже вистината се плашеше од тоа што ќе рече мајка ѝ.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Нешто го сепна за да ја каже вистината.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Затоа решив да му ја кажам вистината на татко ми.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Чекаат да ја видат баба Донка зарадувана, и, кога во плевната ќе се надомести она што пред година дена го одвлече водата, тогаш сосем искрено ќе ѝ ја кажат вистината.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Можеби за таа случка немаше никој да ги окривува, но, ете, некаков прикриен страв не им дозволуваше да ја кажат вистината.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ве уверувам дека ништо нема да кријат и ќе ја кажуваат вистината и само вистината.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не знаев да глумам, не сакав да лажам. Морав да му ја кажам вистината.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Нема веќе собирања ни кај Нанчо, со одајчињата владееле некои непознати. Братучедот му ја кажа вистината.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сите, најмногу го почитувавме Борис Сарафов за оној гест што тој го стори пред конгресот на Врховниот комитет, кога му побараа отчет и тој не можеше да даде таков за сумата дадена на гемиџиите и, за да не пропадне делото ако тој ја каже вистината и неа ја разбере турската влада, Борис Сарафов го понижи своето достоинство и авторитет и изјави: „Таа сума ми беше дигната од една лесна жена, со која имав интимни врски“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И штом било така, требало по секоја цена да се исползува случајот што процесот ќе се разгледува од граѓански суд, на кој ќе биде присутна публика, новинари, како и некој од драгоманите или секретарите на европските конзулати во Солун, за да се каже вистината за движењето.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)