Почнуваше часот на крводелницата. „Ако не кажеш ти, таа ќе е кабил да каже. Го убивте ли брат ми?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пушката што ја држеше само со десната рака со напорно стискање на мишката беше со темниот врв допрена до разграштените гради на домаќинот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
— Ами, сега? — Сега, кажи ти, ми велат, ние те викнавме да се изјасниш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
-Ајде, кажи ти - тој покажа на Циљка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Што не кажа ти дека не знаеш. (Доаѓа до Американецот.) Пасапорт! И вие другите пасапорти, брзо!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)