ЛУКОВ: (Го испраќа, го исчекува да излезе и дури потоа се враќа.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Нивната постапка на никого во Потковицата не му се допадна, но и зашто никој не ги познаваше Акиноските ниту нивните обичаи, сите со притаена сомничавост исчекуваа да видат што наумиле тие со тоа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Завладеа мртва тишина и сите исчекуваа да проговори новодојдениот во кафето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во водурникавите очи на оној Адам Лесновец тивко живеела болест на вечно настинат човек - гледаш во него и не дишеш со мачен страв исчекувајќи да се распрсне и да остави на своето место жолта лочка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Побледувал од претчувство дека сето патување, сите надежи и жртви биле попусти. Треперел. - Ќе нѐ пуштите да се вратиме со празни раце?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ФЕЗЛИЕВ: (Ја исчекува да излезе, потоа пие долго и жедно.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)