исцрта (гл.) - граница (имн.)

Учењето човечки јазик е почеток на акултурација и социјализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Самото поимање на културата, особено во неговата класична, антрополошка формулација од деветнаесеттиот век, претпоставува средишна, дури и основоположничка улога на јазикот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Употребата на јазикот ги исцртува границите на културата: култура, во најмала рака, се состои од поединци кои го зборуваат истиот јазик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, Њутн би регистрирала некакво свое недоразбирање, но не нешто потревожно – како, на пример, некакво нарушување на конвенционалните обрасци на нормалното човечко чувствување или кршење на оние најосновни општествени очекувања што ги исцртуваат границите на разбирливото во дадена култура. ‌Она на што смеата не му е конвенционална генеричка реакција е... трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културните групи ковенционално се идентификуваат во однос на јазичните заедници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)