исцеди (гл.) - од (предл.)

„Ќе отпатувам“, исцеди од себе и се изнади. „Сакав само да оставам порака.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Што, што сум јас? полека исцеди од себе. - Крадец!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Исцеди од своето уморно тело уште трошка сила, замавна со крилцата и се понесе кон светлинката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Полека потемнуваше синото око горе. Се исцеди од него светлината и во неговата модрина се собраа треперливи ѕвезди.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Маказар се суши, се исцедува од него последната влага, течност нема, крв не остана во неговите жили.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше несовладив. Можеше, дури и со болната рака, да исцеди од камен млеко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)