исфрли (гл.) - и (сврз.)

Законот не дозволуваше тие жени, сеедно од која причина сопрузите ги исфрлиле од дома, да имаат право да ги земат со себе децата, доколку нивните мажи не ги исфрлиле и децата заедно со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа можеше да го открие најдобро дури сега, додека плачеше, оптегнат на леглото, поразен, присилен да ја исфрли и сега наеднаш останат без неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Клара им помагаше, но не го идеализираше мајчинството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)