Се ослободи од непотребните работи во куќата: од разните шишиња што ги најде во долапот затворени со тапа или со кочанки, полни или полупразни со разните течности: масло, газија, крстена вода со босилок внатре, недопиена ракија или вино, лекови од тревки, варова вода и друго - ги исфрли надвор ослободувајќи ги од нив заробените мириси.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сладострасно, како овошна салата, преметнував парчиња идеи како сѐ да исфрлам надвор.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Земав воздух како сом исфрлен надвор од речните води и пак се впуштив врз напишаното.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Многу асални, здрави се исфрлени надвор, многу зарибани, зарѓани се оставаат да шетаат по средишната линија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
МИТРЕ: (Сфаќајќи што сака Мара да направи, за рамења ја исфрлува надвор и ја затвора вратата; застанува пред вратата кај Анѓелета и, откако неколку пати, нерешително се пушта да ја фати кваката, решително влегува). (ЗАВЕСА)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Им се чини како да се исфрлени надвор, мислеше, исто како дивинкине што завиваат од гладот и од бездомноста на оваа темничина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мора да стане, мора да појде надвор не само заради себе си, туку за дечињава... да не одат насекаде околу! и мислата ја претвора во лесен скок и ја исфрла надвор во денот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Скокнува и ломотејќи уште неколку збора напросто се исфрли надвор во ноќта, во длабокиот и бел снег, а по неа, набрзина поздравувајќи се, истрчува и Чана.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сѐ што имаше се исфрли надвор и сејмените прибираа што можеа да понесат, а што не можеа, кршеа, туркаа, сечеа со јатаганите, и расфрлуваа по двориштата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- го фати за ушето и го исфрли надвор.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)