А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Гледав како понекогаш ветерот минува преку него со исушен лист, или како некоја птица – врапче, гавран или гулаб - застанува на него, да се одмори, да си го наостри клунот од металните држачи, или да го исфрли од себе изметот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа едно зимско утро излегов на балконот и видов дека на столот на мајка паднал снег, го покрил нејзиното испразнето место.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кожата на лицето, рацете и телото, му се истенчи и му стана проѕирна: му се гледаа капиларите како жилички од исушен лист; очите му втонаа на испиеното лице; прстите му се истенчија и издолжија како суви ветчиња.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тие ѝ светнаа во нејзината костелива, збрчкана рака, која трепереше како исушен лист, готов при најмал ветар да падне од гранката. Колениците ѝ се поткинаа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И се прашувам дали сѐ уште ги чуваш оние исушени ливчиња од ружи?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Или ако бевме спомнати како сведоци кои сметаат дека е најумно да го заборават она што го слушнале?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)