истурка (гл.) - низ (предл.)

Тој постојал на вратата толку време, додека жената не си ги отпетлала своите раце од околу вратот на Големиот Ристана, а после, кога тој останал сам како стожер среде таа соба, го зеле и жената и главниот инженер и го истуркале низ вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви: — Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зарем нема ти да се трошиш, - рече и како да го истурка низ порта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој истешко стана и нерешително тргна, надевајќи се дека сепак нешто ќе го подзапре, но таа упорно го следеше во чекор и не го остави да се сврти кон неа, барем да бидат лице в лице кога ќ е се збогуваат, и просто го истурка низ вратата пред ја тресне и да ја заклучи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)