истрча (гл.) - надвор (прил.)

Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Само кажи што е? - Ете, иде бате Гоце! - весело извика Рушка и пак истрча надвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Добро ми дојде! - го отпоздрави мајка му и го прегрна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јас прснав во смеа и истрчав надвор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа истрча надвор и по пет-шест минути пак се врати, придружуван од Бојко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мирко загризува и пак истрчува надвор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А Мирко ќе го грабне парчето и како ветер ќе истрча надвор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Во мојот стан избувнал пожар! - им рече татко му на службениците во одборот и истрча надвор...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Истрчав надвор од автобуската.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Истрча надвор, весел превесел, славејќи ја слободата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Вода студена дајте му, - рече дедо Геро војвода, истрча надвор. Најдо по него. Петре Даскалот остана дома.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Поголемите заедно со овците истрчаа надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Волци!“ му прострела низ главата мисла, па скокна и уште сонлив го облече палтото, заграби од огништето гламња што синоќа ја беше запретал, и истрча надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- викна Бојан и пак истрча надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом ја отвори вратата од кошарата, говедата едно преку друго истрчаа надвор, па нестрпливи да стигнат до поилото и да ја изгаснат жедта, лижеа од снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А беше гладен и веќе беше истрчан надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марија беспомошно погледна кон Хелвиг и кон Карл, и во истиот момент го замоли шефот некој да ја придружи до авионот. * * * Штом Хелвиг стигна дома, го остави Карл кај Марша, и без било што да ѝ објаснува, истрча надвор од дома и замина со колата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја отклуча вратата, го фрли куферот на креветот. Истрча надвор.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Чана не се чуди Зар ки мочат и серат горе? и истрча надвор.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги фрли своите работи, застана за миг малку вчудовиден, потоа пак истрча надвор и слезе дури пред зградата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И тој истрчува надвор, а гостите го испраќаат со смеење.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На крајот реши подолго време да се кара со неа за да има причина да ја избрка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа, одеднаш како стрела истрча надвор од тоалетот, долу по скалите и се врати за помалку од десет секунди со одзатнувалката во рака.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка му, преврзана со црна шамија, истрча надвор и изненадено праша: - Втаса ли, мој мајкин домаќин?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ја отвори вратата и истрча надвор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Истрча надвор и комшиите и кажаа дека отишла кај Шерда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Еј, пак напаѓал снег! - радосно извика Томче и истрча надвор.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И јас ќе скокнам од постела, ќе истрчам надвор. А надвор ништо нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)