истече (гл.) - око (имн.)

Ни истекоа очите од препишување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пак ни свети. За да ги гледаме кучињата со подзинати вилици, со истечени очи меѓу згурата коски.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А на агите им истекоа очите и само ѕурат: де во нозете, де во градите на Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама најмалава сега ги истече очите што ќе треба во оваа пустелија да чека на некој јабанџија, и башка, откога ќе се изредат другите сестри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Спржува бојата и истекува окото на светецот, заигрува пламенче врз него, црцори, се стеснува и смалува и спржено се стопува во жарта над која пламен висок блесна, исфрли искри пругоре и светлина силна на ѕидовите разигра сенки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Женшини, женшини, се разјугале, ќе им истечат очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мене и на Митрета ни истекоа очите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И велам: Нека долетаат сите орли За да им го отсликам Сродството со каменот За да им истечат очите во каменот И каменот да им се всели во утробата Како нивна рожба Како статуа неподвижна.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)