истакне (гл.) - свој (прид.)

Ќе блеат како телиња, ќе зеваат како мамлази и едвај ќе чекаат да дојде паузата за да ги покажат своите најнови тоалети и костими со кои ќе го истакнат својот статус у смрдливата универзална сала која патем не е реновирана уште од кога е направена и за која не се знае кога ќе ѝ падне таванот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сотир Паскали не рече ништо. Си помисли дека Камилски повеќе сакал да го истакне својот химеричен однос кон книгите, отколку да се соочи со реалноста за тешката состојба на очите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа пак од првиот ден настојуваше да ја истакне својата доминантна улога во куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
П. Шатев не е од оние автори што нескромно го истакнуваат своето “јас“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако го истакнува својот долг кон игрите на јазикот на Брисе (Brisset) и Расел (Roussel), кусата формула сè повеќе го карактеризира духот на Дишан, и тоа токму онаа од легендите на неговите карикатури, кои во неговиот случај, исто како кај Некохерентните, се базирани на игри на зборови.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Честопати се фаќав себеси во позиција, но и поза на преамбициозен балкански Дон Кихот, кој со амбициите на Растињак, се обидуваше да ја истакне својата личност и судбината на својата мала земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дојде долгоочекуваниот момент на Ѓорѓија, да го истакне своето стекнато знаење, па започна тема за читање.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Па и нека е твој, ама и наш е, на сите Руси“, го истакнала своето право на Генералот и наша Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А притоа немате право да помислите дека нејзиното однесување е со предумисла, и дека таа како и другите вешти жени само ја користи ситуацијата за да го истакне својот личен пример.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
При средбата со девојката, и покрај болките на кои со денови укажуваше додека ја молеше судбината што побрзо да го истакне својот суден знак и да го објави свршетокот, тој бесрамно ќе побрза да ја замоли истата таа проклета судбина да го одложи за неколку мигови приоѓањето на неминовноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)