испраќа (гл.) - по (предл.)

Кога војските од оваа страна на фронтот започнаа да ги зацврстуваат своите позиции спрема Грција за да се спречи нападот на француската и српската војска, близу до селото во една од селските кошари донесоа стотина волчјаци за да ги дресираат; дресираните кучиња ги испраќаа по граничните караули.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бојан знаеше дека еднаш во неделата донесуваа или испраќаа по некого четири торби леб, две за дедо му, две за кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)