испраќа (гл.) - до (предл.)

- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Најпрвин беше многу возбудена што има момче, а потоа и го засака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ЛУКОВ: (Го испраќа до вратата и, откако ќе ја заклучи, веднаш се враќа.) НЕДА: (Трга да излезе.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Луков ги испраќа до вратата, Иван го става револверот во џебот и се наредува зад Младичот. Овој не подозирајќи ништо, излегува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Не заборави што смо се договорили, вели Јоле, и ме испраќаат до врата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа се запознаа. Секоја вечер ја чекаше пред дуќанот и ја испраќаше до дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)