испраќа (гл.) - во (предл.)

За да соберат што повеќе наши момчиња, српските окупациони власти одеа дури дотаму што ги фалсификуваа црковните и општинските книги, од помлади момчиња ги правеа постари, ги собираа и ги испраќаа во шумадинските градови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако таму ќе ги обучеа колку толку, одново откако ќе ги натераа да се заколнат дека ќе се борат за славата на Србија и на Кралот, ги испраќаа во првите борбени редови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А дека сегашниве жители на Потквицата не се потомци на становниците на некогашната древна населба Градиште, освен нив самите, зборува уште и нивната психофизичка конституција; високи се, русокоси, недоверливи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
АРАПОТ: (Покажува на вратата.) Соња. БОРИС: А, доаѓа Соња. Браво. (Пауза) Го испраќа во претходница. (Арапот седнува) Си седна. Питом човек. (Пауза) Сега ми олесна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Макар што не беше некој тепач, Грдан мораше да се покаже кавалер и ја испраќаше во мракот до самата нејзина порта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Обично секоја дипломатска телеграма што ја испраќав во тие четири дипломатски години, ја оттргнував од мојата писателска вокација, се разбира без да ја смирам во себе, зашто тоа и не беше можно, ја сметав и како исклучителен тест кој подлежеше на сигурна проверка, а чии резултати многу ретко стигнуваа до мене.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ве испраќаат во прогон а притоа пренамената на вашите задачи ја препорачуваат како ваша сопствена определба и желба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
нѐ гледа во облеката, во ликата, ни бара пасоши, ние кажуваме дека ги исфрливме пасошите, од радост и од глупост ги исфрливме, велиме, тие нѐ редат под стража, шестмина, колку што бевме од Македонија, нѐ затвораат во пристаништето и нѐ сослушуваат, нѐ прашуваат кој нѐ испраќа во Бугарија, дали Турција или Англија, ние кажуваме дека идиме од Америка, се чудиме зошто треба некој да нѐ испраќа,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)