Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во меѓувреме, си ги исече рацете на циркулар, ги стави во вреќата со компирите и нозете на К и ѝ ја испрати назад.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
— Бравос, бре Мариовци, — извикаа сите тројца и ги прибраа парите, а Крстета го одведе Бајракот кај Алимасковци да преденува, па вечер да го испратат назад во четата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се зачуди Алекса кога во визбата го виде Јована Ѓуров, кој таа пролет се врати од Бугарија и се придружи кон Толевата чета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)