испрати (гл.) - италијански (прид.)

Италијанската триколора се развеа над јонските острови, од Крф, Кефалонија, древната Одисеева Итака, сѐ до Закинтос или „Илѐеса”, „шумовитиот остров” како што го именувал Хомер, тој Фиор ди Леванте како што, делум и поради богатата вегетација, го нарекувале романтичните венецијанци.  Во новата окупација на островот, трагите на тој романтизам беа наполно исчезнати.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Високопреосвештениот заслужува секаква почест”.  Високопреосвештениот беше митрополитот Хрисостом, епископот на Закинтос кој се враќаше од интернацијата во Атина на која, пред речиси девет месеци, присилно го испратија италијанските окупациони власти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)