— Ќе а истутнеме зимата со овој човек,— се тешеа сите полчивци кога слушаа што се прави по другите мариовски села.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа беше првиот мој впечаток, иако истиот момент, кога се појави оваа помисла го слушнав и оној глас на исмевање за кого секој ќе помислеше дека ви го испраќа некое неприсутно суштество кое сака да се пошегува со вас.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да го оттргне бегот сина си од ова влијание беше го испратил некоја и друга година во Стамбул на училиште, а тој се запиша потоа во военото училиште и со една група кадети отиде и проведе две години во Германија, та кога се врати, стана муљазим, а пред една година и јузбашија!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Проблемот го решил Орце. Тој побарал од Мерџанов во Цариград да му испрати некое момче кое го знае турскиот или грчкиот јазик, но не и нашиот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но велам, стануваше збор само за впечаток.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)