испразни (гл.) - свој (прид.)

Грмежите в село го привлекоа јузбашијата што беше во гробиштата, па гледајки дека од неговиот „фронт" бунтовниците отстапија, го собра аскерот и му притрча во помош на Расимчауш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Теслим, бре ќелешковци ниедни, ако сакате главите да и спасите! — се провикна Толе и ја испразни својата куса манлихерка кон калето отакде пукаа мамзерите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во последно време тој често се подсмеваше на нашата слепа послушност кон задолжителните патокази на стварноста. – На сите ни е неопходна нотичка позитивна лудост – ми рече, а потоа ја испразни својата трета чаша црно – Ми се чини дека јас сум веќе сосема близу.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По грмежот на Питу, кој беше сигнал за востаниците; тие сите ги испразнија своите пушки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)