децата се надмочуваа во езерото и трчаа околу огнот кој штркаше на сите страни искри како светли бубачиња; ги фаќаа мајките, ги редеа в скут и им кажуваа гатанки за да не се испотепаат меѓу себе:  „Секој рошка во пазува за да најде нешто, а не сака да најде... Што е тоа?”  „Вошка!“
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)