Па така, според чл. 3 од Законот за изменување и дополнување на ЗИТ, се менува чл. 8 од ЗИТ и инспектор може да биде лицето кое ги исполнува следните услови: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен, машински, градежен, архитектонски, електро, технолошки факултет и факултет за заштита при работа, што се докажува со уверение, лицето да има пет години работно искуство во струката по дипломирањето, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен, а притоа има добиено и позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Лиценца за вршење работа на стечаен управник може да добие физичко лице – трговец поединец, ако ги исполнува следниве услови: 1) да располага со потребна стручност и деловно искуство; 2) да има висока стручна подготовка и најмалку пет години работно искуство од областа на трговската дејност; 3) да положил испит за овластен стечаен управник со кој стекнува уверение за овластен стечаен управник; 4) да не е осудуван за кривични дела што го прават неподобен за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Стечаен управник е лице кое е овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот (чл. 2, ст.1, ал.67 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3 За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој нов Закон, на коешто потоа би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето-плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, т.н. ЗС) – што е околу 5.000-6.000 денари, лицето треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно – што значи сите заедно: 1. Сл. весник на РМ, 87/08.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако е веројатно дека имотот и имотната корист или предметите се наоѓаат во странство, се распишува меѓународна објава кон која се приложува изјава дека во случај на нивно пронаоѓање ќе се побараат привремени мерки за замрзнување или конфискација на имот и имотна корист или одземање на предмети (чл. 564, ст.1-2 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)