За сексот и еросот тој пишувал со умна лишеност од предрасуди и со отвореност која повремено дури се претвора во склоност кон порнографски вулгарности.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Господ сакал Богдан да се јави како спасител, да ѝ ја ослободи душата од оковите и да ѝ го исполни срцето со радост и љубов.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Некаква зла радост ѝ го исполни срцето.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И токму тоа беше, а не исчезнувањето на Домаќин, тоа што на Милан му го исполни срцето со претчуства.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Слепа ласица, врзан Аргус старец што шмука и старо дете, доцтор игнорантие, полжав во оклоп, нем говорник, богат просјак, среќна заблуда, барана болка, сурова рана од верен пријател, воинствен мир и бурна тишина; го исполнува срцето а душата не може да ја разбере.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Чуден немир ми го исполнува срцето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Колку иронично беше тоа нешто што можеше да им ги исполни срцата со радост, а всушност беше извор на нивната тага!
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)