исполни (гл.) - норма (имн.)

Татко не сакаше да го запира работниот елан на својот пријател кој беше во нагорна линија, се согласи да продолжат да работат до исцрпувањето на листата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, не би така. Првин морав јас да ја исполнувам нормата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нашето молчење, посебно моето, сè уште повеќе го храбреше Х.Х., да ја доврши лекцијата, да си ја исполни нормата за тој ден.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше очигледно дека Камилски ќе ја исполни нормата на денот продолжувајќи да ги толкува и останатите заемки севапот, атерот, аирот и ксметот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)