Следната година Уставниот суд поведе постапка во врска со овој член и, констатирајќи дека оваа одредба претставува „повре- да на правната сигурност на граѓаните, како елемент на владеењето на правото од причини што барањата што се поднесени за оствару- вање на правата од осигурување во случај на невработеност треба да се решат според прописите кои важеле во моментот на поднесените барања“, како и дека „правата се стекнуваат во моментот на поднесу- вањето на барањата, а не кога тие ќе се решаваат“, одлучи да ја укине оваа одредба. 7 Во врска со времето за кое се исплатува паричен надоместок наста- наа промени и кај двата случаи кога лицата со стаж на осигурување над 25 години уживаа одредени поволности во однос на останатите категории невработени лица.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од почетокот на транзицијата, правата на работниците кои по силата на приликите се невработени во дадениот момент со промените на овој закон претрпеа сериозни намалувања, особено во поглед на остварувањето на правото на паричен надоместок во случај на невработеност: додадени се нови ограничувања кои го оневозможуваат стекнувањето на ова право и го олеснуваат неговото престанување, утврдена а подоцна и намалена е горната граница на висината на паричниот надоместок и, најважно, дојде до повеќекратно и драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со оваа измена беа воведени три нови скалила за одредување на бројот на месеци за кои ќе се исплаќа паричен надоместок, но целта и на оваа, како и на сите подоцнежни промени на овие одредби, беше да се намали времето за кое ќе се исплатува паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сега беа укинати скалилата што беа воведени со измените и дополнувањата од декември 1993 година, но целта оста- на иста како и претходно – да се намали бројот на месеци за кои ќе се исплатува паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Како што се гледа од Табелата 2, ова зголемување на бројот на ска- лилата доведе до значително намалување на бројот на месеци за кои ќе се исплаќа паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Табела 2: Време за кое се исплатува паричен надоместок според скали Покрај ова, со измената и дополнувањето од април 2006 година дури се предвидуваше барањата за остварување на правата од осигу- рување во случај на невработеност кои ќе бидат поднесени до денот на влегување во сила на овој закон за изменување и дополнување да се решаваат според овој закон (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ретките позитивни промени речиси без исклучок се секундарни, а меѓу нив можеби најважната е вове- дувањето на исклучок при пресметката на стажот на осигурување 1. Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, Сл. весник на РМ, 37/97. 2. Закон за вработувањето, Сл. весник на СРМ, 32/87. 3. Закони за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Сл. весник на РМ – 25/2000, 101/2000, 50/01, 25/03, 37/04, 4/05, 50/06, 29/07, 102/08 и 161/08. 67 во случајот кога при повторна невработеност се определува време- то за кое се исплатува паричен надоместок. 1.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Иако времето за кое се исплатува паричен надоместок веќе беше намалено во 1993 година, во 1997 година повторно дојде до намалување кај повеќе скалила.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Иако ова несомнено е поповолно решение од претходното, поради веќе наста- натите промени на скалилата за одредување на бројот на месеци за кои ќе се исплаќа паричен надоместок, од 2005 година паричен надо- месток над 12 месеци им се исплаќа само на лицата со уште 5 години до исполнување на условите за старосна пензија и 15 години стаж на осигурување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)