Исто така, таа има сознанија дека директорите, на неколку наврати во минатото, ги подмитуваа трудовите инспектори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во Решението се наведува неиздржано образложение дека Марковски, кој побарал писмена информација за причините за неисплата на хранарина ги злоупотребил и пречекорил овластувањата регулирани во Колективниот договор за уредување на правата и обврските на работниците во МЗТ „Пумпи“ АД Скопје3 и дека сторил тежок прекршок на работниот ред и дисциплина поради тоа што, во директорската канцеларија, изјавил дека работниците ќе штрајкуваат доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, додека сè уште работеше во „Спектар“, таа беше сведок на тоа како фирмата, по налог на директорите, им врши градежно-занаетчиски услуги токму на инспекторите кои беа задолжени за нејзина контрола и надзор – без да им наплати за тоа, за да ако настане некој проблем за кој надлежен би бил Инспекторатот на трудот, тој проблем се реши во корист на фирмата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, ова добро дело на Марковски – кој притоа дојде во отворен судир со финансиската директорка на друштвото (В. Боцевска) – веднаш беше „наградено“: тој следниот ден, од страна на генералниот директор (Љ. Митрески), доби отказно решение бр. 01-13/7 за престанок на работниот однос без отказен рок, по- ради поднесена Пријава од истата директорка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во текот на овој четиримесечен период, додека парницата беше во тек, работодавачот на Костадиновска „доброволно“ ѝ ги исплати заостанатите седум плати, па затоа ова побарување беше изоставено т.е. повлечено од тужбениот петитум. 275
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)