Но Акакиј Акакиевич, ако и гледал нешто, преку сè му се појавувале само неговите чисти, со убав ракопис испишани редови и, дури ако којзнае од каде би се појавила коњска муцка, ќе му се најдеше на рамото и ќе му душкаше во образот, дури тогаш тој ќе забележеше дека не се наоѓа сред испишан ред, туку веројатно сред улица.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Застаната пред твоите испишани редови како да стоев сред продавница за слатки, во која пред мене истуриле голема кутија сјајни и шарени бонбони.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Учителката внимателно врз мене напиша три прави линии, а девојчето требаше да ја испише ред по ред - сета страница.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)