испита (гл.) - свој (прид.)

Затоа и препорачувам на оние кои ќе се согласат со дефиницијата на Коваќевиќ и кои ќе сакаат да ги почуствуваат ефектите од нејзината примена, најпрво да ги испитаат своите потенцијали - дали се подготвени за продукција на нешто смешно, то ест на она што би ја разбило безнадежноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби тој воајер кој наѕирнува од некое скришно место ќе поверуваше дека Анастасија си вообразува оти нејзината рака е крило што сака да ги испита своите можности за полетување?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, на „Пигал“, човек, барем оној полн со љубопитност, не дошол да го испитува своето гурманство, туку тој е тука за да го почувствува она што не може да го види во друг дел од Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)