„Метуш Батковец утрово испече леб за мене. Таа плоча од 'рж ни со секира не се сече. Гледаш ли, Онисифор Мечкојад ги надмудри.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Морам да кажам, луѓето беа многу чисти, цедилата ткаени и совршено чисти, целата штица направена на прегради за да не се залепуваат сомуните.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Бргу изнаредив повеќе дрва за побргу да се испече лебот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ако немаше време да го испече, кога ќе тргнеше на орање, на уво ќе ми шепнеше: Анѓе, малку попосле стани, не успеав да го испечам лебот, ќе одам на орање.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„Земи.“ Главата му беше како на кол што јас не можев да го видам од сплетените прачки на колскиот ѕид.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И додека овчарите спиеја и сонуваа како ги тепа Велиага, што не ги пасат убаво бравите, Мирчевица го испече лебот и зелникот, a Толе со другарите ги прегледаа пушките и направија план за работата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)