Знаеше дека во преградата веднаш до него, ситната жена со пепелава коса, работи на просто пронаоѓање и бришење од печатот на имињата на луѓето што беа испарени и за кои, според тоа, се сметаше дека никогаш не постоеле.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Од волшебниот огин во цветовите очички на убавицата, испарија и посребрените веѓи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)