ископа (гл.) - гроб (имн.)

Потоа рипна, ја исече сета нејзина руба спремана за невеста, ископа гроб, вистински, и ја закопа - но не подалеку од очите, долу во оградичето: За да ѝ го гледам гробот, рече, ако не ја гледам неа жива.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, кога се навршија три години од Бошевото заминување, а од никаде не стигна глас за него и Јанческите одбија, како што ги советуваа некои и како што носи редот Христијански, да му ископаат гроб и да закопаат во гробот нешто што беше негово, колку да се знае дека постоел на земјава и дека останало нешто по него, и згора на тоа во истото тоа време се случи да купат од Салиовци првин нива во Чекутки, а набрзо потоа и ливада и корија во Трн Дабје, на многумина им стана чудно од каде нив толку пари за да купуваат земја и им даде за право да си помислат и да почнат да зборуваат дека Јанчевци точна знаат оти Боше е жив и оти точно знаат кај се најдува, само, зашто така им одговара, кријат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И за кога ќе ја сретнам да сум сигурен дека сум сретнал вампирка, а не Митра жива.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но како ви се чини, дали таа борба ќе биде победоносна за нив? – Не. – Таа само ним ќе им го ископа гробот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Многупати се скарани, та не знаеш дали ќе има некој да ископа гроб или дали барем ќе сака да плати.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас и Симон бевме, може да се рече, пријатели. Кога му јавија за смртта на братот, тој прво и прво ме побара мене. Требаше да се ископа гробот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Првин заедно го ископавме гробот, а потоа тој замина кај браната да го земе ќуркот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Поворката на закопот го пробива снегот и ги напушта селските сокаци, одминувајќи бавно по стапалките само на оние двајца, што беа отидени изутрина да го ископаат гробот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
КИРО: (Се прекрстува. Гледа во ковчегот на Султана. Тишина.) Бог да ја прости. (Пауза) Дојдов да ви помогнам да го ископаме гробот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Другите доаѓале со бавни движења до збунетиот Лозан Перуника и го мереле со аршинот на своите сомневања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Онисифор Мечкојад им се заканил со тупаница на кобниците и рекол, без да го дочекаат другиот Онисифор со оние што отишле со него да го донесат скриеното оружје, да ископаат гроб; ако е чума или улера, мртовецот треба или длабоко да се закопа или да се запали.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имало години, старите тоа го слушале од татковците, кога по македонскава земјичка чумата собирала цели села и градови, во нив ни дете ни коте не останувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе закопаш еден - двајца паднале поцрнети, ќе им ископаш гроб на тројца - десетина се ничкосале мртви, в месо им шушкаат црви, тие црви се живот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега ќе мора да му пронајде вистинско место каде ќе му ископаат гроб, некое сепак повисочко отколку што беше самиот вагон а кое нему не му се пикнало во очите додека го премерувал синорот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Дедо не умира за инает... - велеше зет му Дукле, - зашто предвреме му ископавме гроб...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Земјата од студ беше скаменета, не можеше да се ископа гроб. Ги оставија во црквата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)